1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Денеска прва заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија

Македонската и бугарската влада во бугарскиот пограничен град Ќустендил одржуваат заедничка седница на која пред се' се разговара за продлабочување на добрососедските односи.

На средбата во Ќустендил од македонска страна покрај премиерот Никола Груевски присуствуваат и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Во составот на бугарската делегација, која ја предводи премиерот Пламен Орешарски, (на насловната фотографија со дел од министрите) се и вицепремиерот Зинаида Златанова, министерот за транспорт, информатички технологии и врски Данаил Папазов и министерот за земјоделство и храна Димитар Греков.

Наскоро заеднички седници и со владите на Албанија и на Косово?

На средбите се разгпвара за унапредување и продлабочување на добрососедските односи, за прашања од интерес на двете земји, за европските и евроатлантските интеграции на регионот, продлабочување на економските односи, зголемување на трговската размена, за инфраструктурни проекти од регионално значење и други прашања од заеднички интерес.

Од македонската Влада велат дека ова е позитивен чекор кон унапредувањето на добрососедските односи и продолжување на позитивната практика на одржување средби со раководствата на соседните држави и заеднички владини седници со соседните земји, како што беше седницата со српската Влада, скорешната со Бугарија во Ќустендил, а има расположение и позитивен одговор и од Албанија и од Косово на македонските иницијативи за заеднички владини седници.

Во рамки на седницата, ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу премиерите Груевски и Орешарски, и поединечни средби на присутните членови на владите од двете страни, за потоа да се заокружи средбата со заедничка пленарна меѓувладина седница.