1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Денеска екстрадиција на Смиленски

Контроверзниот македонски бизнисмен, Методија Смиленски, денеска околу 17 часот ќе биде екстрадиран од Белград во Скопје. Македонија го гони Смиленски за финансиски малверзации тешки 50-тина милиони евра.

default

Министерот Михајло Маневски ја потврди екстрадицијата

Екстрадицијата на Методија Смиленски, кој привременмо засолниште најде во Србија, за Дојче Веле ја потврди македонскиот министер за правда, Михајло Маневски: “Да, ќе биде екстрадиран. Донесена е одлука од министерот за правда на Република Србија. На барање на министерството за правда тој ќе биде екстрадиран и предаден на македонските власти, денеска во попладневните часови“, иајви Маневски.

Смиленски е транзициски македонски богаташ, кој преку неговата фирма во Виена во 90-тите години на минатиот век, активно се вклучи во приватизацијата на македонските фирми. Најголема афера за која се врзува Смиленски е онаа со неговата “Експорт-импорт банка“, во која е обвинет заедно со поранешниот гувернер на НБМ, Љубе Трпески. Во истрагите за проневерите на Смиленски како сведоци беа повикувани и актуелниот премиер, Никола Груевски и екс-премиерот, Љубчо Георгиевски. Зделките на Смиленски беа правени во времето на претходното владеење на ВМРО ДПМНЕ, а продолжија и по доаѓањето на СДСМ на власт, во 2002 година.

Екстрадицијата ги разбранува македонските бизнис и политички кругови. Многумина, кои на некој начин биле вмешани во бизнисите на Смиленски, стравуваат дека тој може да проговори по доаѓањето во Македонија. Смиленски ќе биде екстрадиран по точно една година од неговото апсење во Белград.