1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Денеска гласање за израелската влада

24-члениот владин кабинет на израелскиот премиер, Ехид Олмерт, денеска треба да добие парламентарна виза за работа. Со исклучок на 82 годишниот Шимон Шерес, кој порано беше шеф на израелската влада, министри, во голем дел, ќе бидат луѓе кои до неодамна седеа во последните пратенички клупи на Кнесетот.

Ехуд Олмерт и Армин Перец

Ехуд Олмерт и Армин Перец

Ехуд Олмерт пред изборот на членовите на неговата влада најави дека новиот состав на кабинетот ќе ја поврзе старата политичка генерација на Израел со новата. Со ваквата констатација, Олмерт, практично прави обид да ги ублажи критиките на многубројните критичари во сопствените редови и коментарите во израелските медиуми. Тие забележуваат дека земјата ќе биде водена од персонал, кој е политички неискусен и чии членови уште до пред само половина година беа многу далеку од владата. Познати политичари од Работничката партија го обвинуваат својот партиски лидер, Амир Перец, кој треба да биде нов министер за одбрана, дека, како прво цивилно лице на оваа функција после многу долг период, воопшто не е упатен во воено-политички прашања. Перец се залага принципиелно за преговори со Палестинците и од нападите и обвинувањата се брани со зборовите:

“Нема да се помириме со тоа нашите деца деноноќно да живеат во страв. Исто како нашите деца, во страв живеат и децата на Палестинците. Затоа се обраќам до Палестинците – земете ја својата судбина во раце и донесете решение. Сакам на сите да им биде јасно дека ние сме за мирни компромиси, но во никој случај немаме намера да воспоставуваме компромиси со теророт.“

Коментаторите ан весниците сметаатд ека новата влада ќе биде многу нестабилна. Коалицијата составена од партијата на Олмерт – Кадима, од Работничката партија, од строго религиозната Шас- партија и од неодмана формираната Партија на пензионерите, има многу краток рок на траење – прогозира весникот “Маариф“.Ултра-ортодоксната Шас-партија, чии парламентарци строго ги слушаат укажуавњата на нивниот духовен поглавар, би можела да го стави во секое време Олмерт под притисок, заканувајќи се дека ќе ја напушти владата. Поранешните премиери, како Перес и Барак, кои исто така коалицирале со Шас партијата, многу добро ја знаат таа песна.