1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Денеска во САД ќе се гласа

Повеќе од 200 милиони граѓани се повикани да го дадат својот глас за делумните избори за Сенатот и претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Покрај тоа во голем број американски сојузни држави ќе се избираат нови гувернери.

Капитол Хил

Капитол Хил

Гласачите се главно незадоволно од политиката кон Ирак на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш . Така што опозиционите Демократи се надеваат дека ќе можат да го преземат мнозинскиот дел од местата во двата дома на американскиот Конгрес . Но според најновите анкети нивната предност се топи.

Последни напори кај демократите : Секој повик е потенцијален избрирачки глас а ќе биде потребен секој глас.Иако Демократите во поголемиот број анкети водат , не активистите во изборната кампања не сакаат да ја ризикуваат предноста . Тие сакаат да го им го одземат на Републиканците мнозинството во Сенатот и Претставничкиот дом . Чарлс Шумер , раководител на кампањата на Демократската Партија истакнува:

„Ова се многу тесни избори . Ние сме многу близку до повторно преземање на Сенатото . Сеуште не би отварал шишиња со шапањ, но се чуствуваме многу добро“

Американскиот претседател Џорџ Буш пак се вклучи во кампањата во помош на своите Републиканци, бидејќи изборите би требало да одлучат за тоа колку непречено тој може да ја продолжи својата политика . Пред се неговата војна во Ирак, многумина ја сметаат за погрешна одлука. Буш и покрај тоа одлучно ја бранеше својата одлука за време на настапите во предизборната кампања:

„Мојата одлука Садам Хусеин да биде тргнат е вистинска одлука , и на светот му е подобро поради тоа“

Двете партии вложија многу сретства и енергија да ги мобилизираат гласачите денеска да се појават на избирачките места или да го испратат својот глас преку пошта . Една од најскапите изборни кампањи во историјата на САД заврши.