1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Денеска во Диселдорф: Германија против Аргентина

Селекторот Клинсман на еден тренинг на фудбалската репрезентација на Германија

Селекторот Клинсман на еден тренинг на фудбалската репрезентација на Германија

Денеска германската фудбалска репрезентација во пријателски натпревар во Диселдорф се среќава со Аргентина. Поради грип настапот го откажа капитенот Михаел Балак. “Ни недостасува нашиот лидер, капитенот, што се разбира, е штета. Ние сепак веруваме дека и со овој кадар, со овој борбен тим, навистина ќе можеме да и’ приредиме проблеми на Аргентина” – рече селекторот Јирген Клинсман. Тој реши голот да го чува Јенс Леман, додека Оливер Кан ќе биде на клупата за резервни играчи. “Таа ротација сосем нормално ќе се одвива и натаму, како што започнавме пред половина година со преземањето на репрезентацијата. Јенс ќе добие свои натпревари, Оливер исто така, за едноставно секој постојано да има можност да покаже каква е неговата актуелна форма” – вели селекторот Клинсман.

Денеска, инаку, се играат повеќе натпревари од квалификациите за светското првенство во Германија 2006-та. Македонија во Скопје има шанса за реванш за поразот од Андора, едно од најголемите фудбалски изненадувања воопшто.

Во средбата од азиската квалификациона зона, која привлекуваше посебно внимание поради политичката заднина, Јапонија ја совлада Северна Кореја со 2 спрема 1.