1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демјанјук почина во старечки дом

Џон Демјанјук е мртов. Според соопштението на баварското радио, 91 годишниот воен злосторник почина денеска (17.03.) во старечки дом во општината Бад Фајлнбах во Баварија.

Демјанјук со години живееше во САД, во предградие на Кливленд, а во 2009-та година е испорачан во Германија, каде во процесот против него е утврдено дека за време на Втората светска војна бил чувар во концентрациониот логор Собибор во Полска. Осуден е за соучесништво во убиството на повеќе од 28.000 Евреи.

Надлежниот Покраински суд во Минхен го осуди на 12-ти мај 2011 година на затворска казна од пет години. Тоа беше првпат обвинителството да успее да докаже вина без директни докази дека обвинетиот учествувал во некое конкретно убиство.

Од затвор во старечки дом

Судот по изрекувањето на пресудата, укажувајќи дека пресудата се’ уште не е правосилна, одлучи дека не би било примерно 91 годишниот Демјанјук, и по две години, и понатаму да остане во истражниот затвор.

Носејќи одлука за пуштање од затвор, судот нагласи дека во случајот на Демјанјук не постои опасност од бегство, пред се’ поради тоа што при испорачувањето воГерманија му е одземен американскиот пасош. Потоа, Демјанјук беше сместен во старечки дом во општината Бад Фајлнбах, каде почина денеска.

Автор: Борис Рабреновиќ / Александар Методијев

Редкатор: Симе Недевски