1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Демонстрирана единственост

Од снабдување со енергија, преку преговори за влез во Светската трговска организација до Гвантанамо – на дневен ред на неколкучасовниот самит ЕУ – САД во Виена имаше многу теми. Европејците и Американците на самитот го подвлекоа заедништвото, и покрај постоечките разлики во мислењата околу дел од проблемите.

Буш и Шисел на прес-конференцијата во Виена

Буш и Шисел на прес-конференцијата во Виена

Американскиот претседател, Џорџ Буш, не чекаше долго за со Европејците на самитот да прозбори околу жешката тема – Гвантанамо. Тој изјави дека ја разбира загриженоста во Европа, каде затворот за осомничените за тероризам се смета за илегален. И тој самиот би го затвори логорот. “Тоа сакам да го оставам зад себе“, рече Буш: “Ја разбирам загриженоста на европските народи околу тоа што значи Гвантанамо. Го делам нивниот стремеж за негово затворање, но и им давам уверување дека нема да ослободиме никого кој е опасен.“

На Куба се затворени уште околу 400 лица. Некои од нив треба да се појават пред американските судови, други ќе бидат протерани во нивните татковини – Саудиска Арабија, Авганистан и Јемен, со тоа што претходно треба да се осигура дека таму и ќе им се суди.

Австрискиот канцелар, Волфганг Шисел, кој во моментов е претседавач со ЕУ, го поздрави ваквиот став и изјави дека за проблемот се водела отворена и искрена дискусија: “Сите правни патишта мора да бидат испочитувани, мора да помогнеме за да се најде излез. На земјите од каде потекнуваат осомничените мора да им помогнеме да ги прифатат затворениците и или да им пресудат или да ги ослободат.“

Шисел и Буш упатија предупреудвање до северна Кореја да не планира ракетни тестови. Буш изјави дека севернокорејскиот режим се обврзал да не спроведува тестови и очекува земјата да се држи до ветеното. Раководството во Пјонгјанг на работите гледа поинаку. Буш со оценка: “Тоа што еден непровиден режим тврди дека има нуклеарен експлозив и дека ќе лансира ракети, создава нервоза. Ние со нашите партнери, во овој дел на светот, работиме на тоа да и ставиме на Северна Кореја јасно до знаење дека така не може да се постапува.“

САД, во случај на ракетен тест на Северна Кореја, се залага за итен заклучок на Советот за безбедност кој ќе предвидува закана со санкции.

Во атомскиот спор со Иран, САД и Европа се и натаму на една линија. Волфганг Шисел и Џорџ Бушод Иран побараа да реагира побргу на меѓународната понуда, а не да се чека до 22 август:“На Иранците не би требало да им треба толку долго време за да ја анализираат разумната понуда“.

Меѓународната заедница му вети на Иран поддршка во цивилното користење на атомската енергија, доколку режимот на имамите се откаже од користење на ваквата енергија во воени цели и тоа го докаже. Буш со решителност рече: “Нашиот став гласи – ќе дојдеме на маса на преговори веднаш штом облагородувањето ураниум ќе престане. Баста!“

И Европејците и америакнскиот претседател самитто го оценија како исклучително корисен, зашто двете страни се политички и екномски упатени една на друга и мора да соработуваат.

На прашањето како излегува на крај со неговиот негативен имиџ во Европа, Џорџ даблју Буш одговори дека не ја чука главата околу истражувањата на јавно мислење. Тој треба да донесува решенија за да ја одбрани неговата земја по нападите од 11 септември 2001 година. Ваквите решнија на некои луѓе не им одговараат, и тој со тоа сознание може да живее.