1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демонстрации против претседателот Вулф

Пред резиденцијата на германскиот претседател Кристијан Вуф во Берлин за попладнево (07.01) се закажани демонстрации, на кои ќе се критикува неговото однесување.Според организаторите, Вулф веќе не е „демократски пример“.

default

Претседателот Кристијан Вулф е притиснат

На демонстрации во Берлин повика една берлинска иницијатива. За протестот под мото „На Вулф да му се покаже чевел - Shoe for you, Mr. President!“ се пријавиле 150 лица. На интернет, пак, учество на демострациите најавиле уште неколку стотини луѓе. „Не можеме да процениме колкав број луѓе навистина ќе демонстрираат“, изјави портпаролот на здружението „creative lobby for future“, Јирген Јенен. Во арапската култура, со фрлање чевел врз некого се демонстрира презир и лутина. „Ние само ќе ги држиме чевлите во висина, нема да фрламе со нив“, нагласи Јенен.

Инаку, во аферата околу кредитот за приватната куќа на Сојузниот претседател Кристијан Вулф, на виделина излегуваат се‘ повеќе обвинувања. Шефот на опозиционата СПД, Зигмар Габриел, за денешното издание на весникот „Билд“ првпат со остар тон вели: „Лошо е што Сојузниот претседател дозволи да дојде до тука. Целиот судир е недостоинствен.“ Габриел го обвинува Вулф дека ги поместил во погрешна насока мерките за искреност и веродостојност. „Касиерки во супермаркет се отпушаат од работа само поради тоа што в џеб ставиле купон за празна амбалажа, но Сојузниот претседател смета дека за него има вонредни правила“, вели лидерот на најголемата опозициона партија во Германија.

Нови обвинувања

При купувањето на куќата, претседателот Вулф, според информации на „Франкфуртер Рундшау“, кој пренесува изјави на шефот на фракцијата на Зелените во покраинскиот парламент во Долна Саксонија Штефан Венцел, не направил нотарски договор и не ги навел своите кредитори во катастарските книги.

Sigmar Gabriel

Зигмар Габриел: Целиот судир е недостоинствен

Во меѓувреме, партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и либералите (ФДП) го демантираа текстот на „Рајнише Пост“, во кој што се тврди дека шефовите на владејачката коалиција веќе се усогласиле околу постапките во случај на оставка на Вулф. Според весникот, лидерот на ЦДУ Ангела Меркел, шефот на ЦСУ Хорст Зехофер и првиот човек на ФДП Филип Реслер не би му давале поддршка на Вулф повеќе, доколку излезе дека не ја зборувал вистината. Притоа, се планира да биде предложен негов наследник кој „ќе биде прифатен и од страна на црвено-зелениот политички камп“. Петер Алтмајер, парламентарен раководител на пратеничката група на ЦДУ и ЦСУ, за Дојландфунк изјави дека е тоа „чиста шпекулација“. И од раководните луѓе на ФДП ваквата инофмрација на венсикот се оценува како „чиста бесмислица“.

Stern.de“: Вулф навистина го молел „Билд“ за одлагање

Што се однесува до судирот на претседателот Вулф со весникот „Билд“ околу тоа дали во неговата порака што ја оставил на телефонскиот мејл бокс на главниот уредник на весникот Кај Дикман, молел за одлагање на текстот за кредитот за куќа, или како што тврди „Билд“ сакал да спречи објавување на текстот,

„Штерн.де“ излегува со информација дека Сојузниот претседател навистина барал одлагање додека не се врати од патувањето по земјите на Заливот. „Штерн.де“ пишува и дека Вулф изрекол јасни закани и предложил заедничка средба откако ќе се врати од пат. „Потоа ќе решиме како сакаме да водиме војна“, рекол наводно Вулф, кој се заканил со судски процес и рекол дека неговите „адвокати добиле налог“. Освен тоа, претседателот, како што наведува „Штерн.де“ рекол и дека сака два дена откако ќе се врати од пат со сопругата Бетина да одржи прес-конференција на која ќе стане збор за методите на весникот „Билд“. Инаку, весникот „Билд“ го замоли Вулф да ја објави неговата порака на телефонскиот мејл бокс на Дикман, но Сојузниот претседател тоа го одби.

Автор: Елизабета Милошевска Фиданоска / дапд/дв/дпа

редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина