1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Демонстрации против еднополовите бракови во Париз

Илјадници приврзaници на десничарските партии излегоа денеска (02.02.) во Париз на протести против истополовите бракови. Се бара оставка и од претседателот Оланд.

„Семејството е основната вредност на општеството“, е мотото на протестите, на кои демонстрантите носат знамиња на Франција, на другите земји-членки на Европската унија, но и на Украина и на Русија. Организаторите, кои доаѓаат од десниот центар и крајната десница, како и конзервативните католици, и овојпат ја критикуваа „лошата акција на владата, којашто води во пропаст". Тие, исто така, го повикаа социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд веднаш да се повлече од власта.

Претходно министерот за внатрешни работи на Франција, Мануел Валс, изјави дека против предизвикувачите на безредијата „ќе бидат применети најжестоките мерки“. Овие протести се одржуваат една седмица по антивладините протести кои завршија со судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беа приведени повеќе од 200 луѓе, а околу дваесетина луѓе, меѓу кои и полицајци, беа повредени.

Законот за легализација на браковите на лица од ист пол стапи на сила во Франција пролетта минатата 2013 година, што беше остварување на едно од предизборните ветувања на претседателот Франсоа Оланд. И пред носењето на законот на улиците на главниот град Париз и другите градови во земјата се одржуваа масовни протести против споменатиот закон.