Демонстрации против војната во Ирак | Вести | DW | 18.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Демонстрации против војната во Ирак

Непосредно пред четвртата годишнина од воениот напад против Ирак, во Соединетите Американски Држави и Европа десетици илјади луѓе протестираа против војната во оваа земја. Во Вашингтон најмалку 20 илјади луѓе учествуваа на протестната поворка пред американското министерство за одбрана. Во Европа демоснтарции беа одржани во Мадрид, Истанбул, Копенхаген, Прага, Атина и Никозија. Голема манифестација е најавена за денеска во Њујорк. На сите манифестации демонстрантите бараа повлекување на трупите од Ирак и предупредуваа на воен конфликт со Иран. Американските трупи влегоа во Ирак во ноќта меѓу 19 и 20 март во 2003 година. Оттогаш загинаа повеќе од 3 илјади и 200 американски војници, како десетици илјади ирачки цивили.