1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Демонстрации против американската политика во Авганистан и Ирак

Во соседен Пакистан вчера се одржаа демонстрации во сите поголеми градови против американските напади врз Авганистан и Ирак

На протестите повика моќниот сојуз на шест опозициони партии, чиј угледен функционер Маулана Фазлур Реман ја нарече анти-терористичката војна на САД “Крстоносна војна против човечноста и особено против муслиманите“.

Демонстрантите го критикуваа пакистанскиот претседател Первез Мушараф дека се свиткал под диктатот на Вашингтон. Тие палее американски знамиња, како и една кукла со ликот на Џорџ Буш. На транспарнентите пишуваше “Буш е најголемиот терорист“ и “Долу со генералот Мушараф“. Тие протестираа и против операциите на пакистанската армија против наводните терористи во пограничниот регион со Авганистан, при што вчера загинаа 26 пакистански војници. Пакистан е клучен сојузник на САД во регионот по пресвртот што го предизвикаа атентатите од 11 септември 2001-та година.

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека САД и Русија рамо до рамо се борат против светскиот тероризам. Буш ненадејно вчера дојде во руската амбасада во Вашингтон и се запиша во книгата на сочувство со најблиските на жртвите од заложничката драма во Беслан.

“Овде сум за да ги изразам сипматиите на мојата земја за жртвите и нивните семејства кои страдаа од рацете на злите терористи. САД ии Русија рамо до рамо се борат за да го направат светот мирно и слободно место за живеење. Убијците уште еднаш не потестија на на нашите должности како слободни луѓе да работиме заеднички за да го направиме светот подобро место за живеење.“

Американската влада покажува поголемо разбирање поголемо разбирање за Русија, отколку европските политичари, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов, кој имаше две куси средби со американскиот колега Доналд Рамсфелд. И Рамсфелд и министерот за надворешни работи Колин Пауел, според него, и понудиле на руската влада помош во борбата против тероризмот.