1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демонстрации на спротиставените табори во Украина

Политичката криза во Украина постепено се пренесува на улица. Во главниот град Киев вчера на демонстрации излегоа приврзаниците на двата спротиставени политички табори.

Премиерот Јанукович и Претседателот Јушченко по разговори околу политичката криза

Премиерот Јанукович и Претседателот Јушченко по разговори околу политичката криза

И едните и другите бараат Уставниот суд на земјата да донесе побргу одлука околу правната издржаност на распуштањето на парламентот. Естер Хартбрих испрати извештај од Киев.

Помеѓу 10.000 и 30.000 приврзаници на премиерот Јанукович вчера мирно демонстрираа на главниот плоштад во Киев. Со развиорени сино-жолти знамиња тие бараа повлекување на одлуката на претседателот Виктор Јушченко за распуштање на парламентот.

Вчера за прв на улица излегоа и приврзаниците на претседателот и на лидерот на опозицијата Јулија ТИмошенко. Околу 500 се собраа недалеку од главниот плоштад, а околу 2.000 пред Уставниот суд, кој наредната недела треба да одлучи дали е законска одлуката на претседателот на државата Јушченко за свикување нови избори. Судот требаше да заседава вчера, но ја одложи седницата за следниот вторник. Поради огромниот притисок петмина судии побараа засилени мерки на заштита.

“Исто како и во 2004-та стоиме овде и сакаме да знаеме зошто мирот, редот и поредокот во земјата зависат од овие 18 судии. Тие не можат да се состанат, болни ли се или нешто друго ги попречува?“ - вели една демонстрантка од таборот на премиерот Јанукович, која е против распуштањето на парламентот.

Приврзаник на претседателот Јушченко, пак, вели:

“Од оваа акција очекувам да бидат свикани нови избори во склад со одлуката на претседателот на државата. Според мене таа одлука е легитимна и мислам дека тоа е подобро за иднината на Украина.“

Синоќа се проширија гласини дека претседателот Јушченко би можел сепак да го повлече указот за распуштање на парламентот. Тоа не би било потполно повлекување, туку одложување на терминот за нови избори. Според првичната одлука тие требаше да се одржат на 27. мај, но со тоа не би се испочитувале законските термини за организирање на предизборната кампања. Затоа сега се шпекулира со нивно одлужување или за 17. јуни или за 3. октомври. Според неофицијални информации претесдателот Јушченко би бил подготвен и да го прифати барањето на премиерот Јанукович за одржување и нови претседателски избори. Но, не истовремено со парламентарните, туку неколкуи месеци подоцна.

Поради политичката криза во земјата претседателот Јушченко го откажа вчера и патувањето за Стразбур, каде пред Советот на Европа требаше да зборува за актуелната ситуација во Украина. Наместо него таму отпатува про-западно ориентираниот шеф на украинската дипломатија Јазенјук.