1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демонстрации на илјадници инвалиди во Шпанија

Илјадници инвалиди денеска (02.12) протестираа во Мадрид против политиката на штедење на конзервативната влада на Маријано Рахој.

default

Symbolbild Spanien

На демонстрациите на хендикепираните лица, први во историјата на Шпанија, учествуваа околу 50.000 луѓе, информираат организаторите. Тие со околу 300 автобуси допатуваа во главниот град на Шпанија. Меѓу демонстрантите имаше голем број луѓе во инвалидски колички, слепи лица со нивните кучиња-водичи, како и припадници на семејствата на хендикепираните. Протестите беа насочени пред се‘ против кратењата на државни средства за установите за нега на вакви лица. Владата има намера во 2013 и 2014 година да заштеди дополнителни 2,7 милијарди евра во сферата на нега на хендикепирани лица.

Паралелно со овие демонстрации, во Мадрид денеска се одржаа и протести на лекарите, медицинските сестри и негувателите поради планираното делумно приватизирање на државните болници. Во рамки на протестната акција „Прегрнете ги вашите болници“, демонстрантите формираа синџири од луѓе околу државните клиники во главниот град.

Шпанија се бори против тешка економска криза и екстремно висока невработеност. Владата со мерките за штедење настојува да го намали буџетскиот дефицит.