1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Демонстрации за поддршка на младите во Грција

Во знак на поддршка на своите врсници во Грција, во Скопје синоќа (18.12.2008) протестираа десетици млади луѓе. Тие ги повикаа грчките, но и македонските власти да работат на подобрување на животот на младите.

default

Скопје

Група од неколку десетици, главно млади луѓе, на плоштадот Македонија, во Скопје, протестираа во знак на поддршка на нивните врсници од Грција. Со транспаренти на кои беа испишани пораки за солидарност и анти-национализам, младите сакаа да му порачаат на општеството дека им е доста од авторитети. Себеси се нарекуваат анти-глобалисти, анархисти, прогресивни сили. Еве што рекоа дел од нив:

„Ние сакаме солидарност, еднаквост на сите луѓе и не не‘ интересираат држави, локални политики и такви работи.“

„Овде апсолутно никој не го прави ова во сопствен интерес, ниту отчукува политички поени. Сите сме овде бидејќи сме загрижени поради проблемите против кои протестираме.“

Протестите минаа мирно

Организаторите на протестите објаснија дека не сакале собирот да биде масовен, поради страв тој да не биде злоупотребен од „национализмот распространет во земјата“.

„Политичарите се наивни, примитивни марионети во рацете на мултинационалните корпорации кои што со политичарите си играат шах-мат“, вели изреволтирано еден студент.

Директен повод за протестот се случувањата во Грција, кои треба да бидат порака за сите влади во светот, велат младите анти-глобалисти.

„Ова е меѓународен глобален ден за поддршка на грчкиот револт. Ние само се вклучивме во таа глобална шема“, рече еден од демонстрантите.

Слични собири беа најавени во повеќе европски градови. Протестот во Скопје се одржа под мотото „Во солидарност со востанието во Грција – стануваме за слобода.“