1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Демонстрации за добредојде на Џорџ Буш во Мар дел Плата

Жестоки демонстрации и серија насилства, фрлија сенка врз самитот на лидерите на американските држави, кој се одржува во аргентискиот туристички центар Мар дел Плата. Илјадници демонстрираа против присуството на американскиот претседател Џорџ Буш кој се обидува да ги убеди регионалните лидери да го прифатат неговиот предлог за економски реформи

И Марадона учествуваше на протестите

И Марадона учествуваше на протестите

Искршени продавници, уништени автомобили, десетици уапсени. Ова е епилогот од судирите помеѓу полицијата и демонстрантите за време на одржувањето на четвртиот по ред самит на лидерите на американските држави. Кордоните полицајци со солзавец се обидоа да ја растераат разбеснетата толпа која извикувајќи Буш фашист, Буш терорист дивееше низ улиците на Мар дел Плата и палеше хартиени американски знамиња.

Судирите се одвиваа на само неколку стотини метри од силно обезбедуваното место на кое лидерите од регионот и американскиот претседател Џорџ Буш дискутираат околу економските реформи предложени од страна на САД.

На судирите им претходеа мирни демонстрации на кои учествуваше претседателот на Венецуела Хуго Чавез кој ја обвини американската администрација дека сака да ја закопа слободната трговска зона. За време на неговиот говор до него стоеше легендата на фудбалот, Диего Армандо Марадона, кој од поодамна важи за жесток критичар на маериканскиот претседател.

Воочи почетокот на самитот Џорџ Буш и аргентискиот колега Нестор Кирхнер одржаа средба по која на заедничката прес конференција Буш истакна:

„Се надевам дека ова не е мое последно патување, како и да е ова не е наш прва средба. Се среќаваме трет пат и секогаш сум одушевен од вашата,љубезност вашето трпение. Благодарение на одлуките кои ги донесивте дојде до сериозни промени во економијата. Ви честитам за начинот на кој се справувате со тешките услови и одлуките кои ги носите„ рече Буш додавајќи:

„Особено не е лесно да се биде домаќин, на пример на мене. Но ви благодарам што тоа го правите, а правите добра работа. Се радувам на нашата средба, на вечерниот културен настан, за нашата дискусија, која беше добра„ рече Буш

Полицијата соопшти дека за време на судирите со демонстрантите уапсила 60 лица. Самитот го обезедуваат 8000 полицајци и припадници на армијата