1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Демонстрации во Хонг Конг

Почетокот на министерската конференција на Светската Трговска Организација во кинескиот град проследена од протести на противниците на глобализацијата и натамошното проширување на слободната трговија во светот

default

На крајот сепак имаше загрижувачки минути пред конференциската сала во Хонг Конг . Една група кореански противници на глобализацијата се обиде да ги пробие полициските блокади , за да продре во зградата каде што се одржува министерската конференција на Светската Трговска Организација. Притоа дојде до кошкаше , но изостанаа поголеми нереди.

Притоа Ким Ги Чеол од кореанското земјоделско здружение КАФФ уште изутрината го потенцираше мирниот карактер на корејските демонстранти:

„Хонг Конг е мирно место и преставува центар на светската трговија . Ние не сакаме насилство тука . Ние само сакаме да го потенцираме нашето мислење пред светот . Не треба да се грижите дека тука ќе се случат насилства“

На почетокот на конференцијата генералниот секретар Паскал Лами уште еднаш се обиде да прошири оптимизам . Тој уште еднаш ги нагласи предностите на слободната трговија во светот.

Но претставниците на земјите во развој и противниците на глобализацијата кои се собраа во Хонг Конг гледаат на тоа сосема поинаку. Меѓу нив е и Кристина Деквирт од невладината организација Светска економија , екологија и развој ВЕЕД.

Нејзината организација е присутна во Хонг Конг како дел од мрежата наречена „Од Сиетл до Брисел “ , составена од повеќе европски невладини организации кои го критикуваат влијанието кое врз СТО го имаат големите светски концерни:

„ Ние сакаме пред се да ја направиме попретпазлива улогата на ЕУ , затоа што во Брисел има многу лобисти на концерните кои се директно вклучени во формулирањето на трговската политика.

ЕУ не е пријателска суперсила ниту актер во овие разговори кое е птијателски настроен кон развојот, туку еден мошне агресивен актер пред се во разговорите околу услужните дејности , кои во Хонг Конг се наоѓаат на врвот од агендата .

Наредните неколку денови ќе покажат дали на мамутутската конференција на светската трговска организација може да дојде до компромис меѓу риндустриски развиените и земјите во развој . Шансите за такво нешто меѓутоа се многу мали.