1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Демонстрации во Украина

Борбата за моќ во Украина достигна кулминација со паралелните протести во Киев на приврзаниците и противниците на прозападниот претседател на државата Виктор Јушченко. Силите за безбедност поставија блокади за да спречат конфронтација на спротиставените табори. Повеќе од 70 илјади луѓе го подржаа претседателот и побараа од него да го распушти парламенотот и да распише нови избори во земјата. Неколку десетици илјади лица, пак, ја демонстрираа својата подршка за премиерот Виктор Јанукови, кому му успеа во парламентарната група на неговата про-руска партија да привлече парламентарци од сојузот на Јушченко.