1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Демонстрации во Приштина

Повеќе од 1500 членови и симпатизери на движењето "Самоопределување" денеска протестираат во центарот на Приштина изразувајќи незадоволство од предлогот на специјалниот пратеник на ОН ; Марти Ахтисари за идниот статус на Косово .

Приштина

Приштина

Учесниците на протестот носат пароли против предлогот на специјалниот пратеник , бидејќи тој спорд нивната оценка е во согласност со плановите на Белград и не одговара на политичката воља на косовскиот народ .

Демонстрантите побараа и ослободување од притвор на лидерот на движењето Албин Курти и другите учесници на претходниот протест одржан на 20 февруари , кога во судирите со полицијата загинаа 2 лица а повеќе од 80 беа повредени .

Инаку претставниците на движењето најавија дека денешните демонстрациите ќе бидат мирни но и оти учесниците на протестот ќе ги пробијат кордоните на полицијата , доколку таа се обиде да го блокира нивното движење. Командантот на меѓународните сили на Косово , КФОР , Роланд Катер воочи денешните протести на движењето Самоопределување во Приштина итакна и оти КФОР на Косово ќе стори се за зачувување на мирот и безбедноста.

Тој упште истакна дека поради кревката безбедносна ситуација на Косово , побара од политичарите , што побргу да изнајдат решение за неговиот статус.

Луѓето сакаат да имаат чиста ситуација , да знаат што ги чека и каква ќе им биде иднината – порача германскиот генерал.

Катер