1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демонстрации во Минск

Опозцијата во Минск излезе на улица барајќи политички реформи во Белорусија. Демонстрантите се судрија и со полицијата.Има и уапсени. Официјално собирот беше по повод „Денот на слободата“, денот на кој е основана независната држава Белорусија која траела краток период.

Од демонстрациите во Минск

Од демонстрациите во Минск

Неколку илјади противници на претседателот Лукашенко вчера демонстрираа на улиците ви Минск. Бараа демократија и слобода. Според полициски извори на демонстрациите имало 4000, додека според организаторите 10 000 лица. Тие мафтаа со црвено бели знамиња на првата белоруска репбулика која била основана на 25 март 1918 година. И покрај забраната за собири на Октомврискиот плоштад во центарот на Минск, демонстрантите се обидоа да се пробијат таму. Но, безбедносните сили го имаа заградено. Владимир Рушков, независен пратеник кој беше на демонстрациите вели:

„Безбедносните сили преземаа акција. Местото беше целосно изолирано. Тие ги влечеа демонстрантите. Пред мои очи, четири млади момчиња беа уапсени иако не сторија ништо.“

За сега не е познато колку луѓе завршија в затвор по вчерашните демонстрации. Медиумите јавуваат дека има и многу повредени од насилната акција на полицијата.

На крајот на собирот, опозиционите политичари како Александар Милинкијевич како и претставници на другите партии побараа слобода, демократија, почитување на човековите права и евроинтеграција на земјата.