1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Демонстрации во Иран

Иранскиот претседателот Махмуд Ахмадинеџад денеска го повтори неговиот вербален атак против Израел и Холокаустот уште еднаш го означи како „бајка“.Во својот говор Ахмадинџад се закани со оглед на спорот околу ирнаската атомска програма дека ќе го откаже договорот за неширење на атомско оружје.

Ирнаскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Ирнаскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

„Атомската енергија е наше неотуѓиво право“

Ова беше најчестата реченица која се изговараше денеска во Шираз, Исфахан и Техеран. „ Холокаустот е лага“ и „Долу Данска“ пишуваше на трамнспарентите, кои ги носеа илјадници, ако не и милиони во многу градови на Иран. Несомнено спорот околу карикаурите и атомскиот конфликт им даваат нов живот на масовните демонстрации. Конфликтот со западот делува како елискир на младоста за Исламската Република и нејзиниот моментален мајстор, претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Тој одново Холокаутот го нарече „бајка“. Тој направи поврзница меѓу Холокаустот и карикатурите на Мухамед и со тоа и префрли на Европа:

„Во вашите земји има слобода, да се навредуваат сите Пророци. Но нема слобода да се направи истражување за оваа „бајка“ Холокаустот.“

Централната голема демонстрација на плоштадот Азади во Техеран секогаш помалку наликува и на народно славје. Татковците своите деца ги носеа на раменици, девојчињата рецитираа песни за маченикот на Хусеин, третиот имам.

Атомскиот конфликт на улиците привлече голем број луѓе кои инаку не би демонстрирале.

„Овдека сум да и покажам на Америка и на светот, дека неможат да газат по нашите права и дека го браниме нашето право за атомска енергија“ вели еден од присутните

И претседателот Ахмадинеџад, кој беше едеинствен говорник на плоштадот во Техеран, голем дел од говорот го посвети на правото на Иран за атомска енергија. Во конфликтот со западот, Иран минатат недела отстапи од така наречениот дополнителен договор, по што виенските контролори имаат ограничен пристап. Но ова не е последниот степен на дипломатска ескалација, Ахмадинеџад се закани и со целосен ппрекин на договорот за неширење на атомско оружје од страна на Иран.

„Политиката на Исламската Република Иран секогаш беше да се следат обврските од договорот за неширење на атомското оружје и властите за атомска енергија. Но кога ќе откриеме дека тие ги злоупотребуваат овие договори, за на иранскиот народ да му ги украдат неговите права, тогаш иранската нација ќе ја премисли својата политика.“ истакна иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.