1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Демонстрации во Венецуела

Десетици илјади Венецуелци протестираа против планот на претседател Хуго Чавез да затвори една регионална телевизиска станица критички настроена кон владата. Во маршот во центарот на главниот град Каракас, демонстраните искажаа солидарност со Радио телевизија Каракас која треба да го прекине емитувањето на 27 мај на полноќ, зашто не и’ е продолжена лиценцата. Противниците на Чавез во овој потег гледаат обид на владата да ги замолчи критичарите. Оваа радио-телевизија е основана во 1953 година и најстарата приватна во Венецуела.