1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Демонстрации во Белорусија

Лидерот на белоруската опозиција на демонстрациите во Минск порача дека Александар Лукашенко ќе биде соборен пред истекот на неговиот мандадт.

Од демонстрациите во Минск

Од демонстрациите во Минск

Два часа по почетокот на демонстарациите во Минск изостанаа насилните судири, од кои се стравуваше. Но силите за безбедност спречуваа демонстрантите воопшто да стигнат до централниот плоштад во Минск. Специјалните единици на полицијата го опколија центарлниот плоштад и ги истуркаа таму присутните демонстрантите на околните улици и паркот во близина на плоштадот

„Дојдов бидејќи денеска е денот на слободната воља. Вчера и завчера плачев, бидејќи децата се жртвуваат за белорускиот народ. Сигурно никој немаше да ги допушти поставените шатори на плоштатот, при режимот што сега го имаме. Сега изгледа како 25 март, за државниот апарат да е ден исполент со страв. “ вели една демонстранка во Минск

На пладне кај демонстранитите дојде и кандидатот за претседател и водачот на опозицијата Александар Милинкевич. Тој воедно и повика на денешните протести и апелираше до властите да не применуваат сила против мирните демонстрантите

„Се надевам дека нема да го сторат тоа и верувам дека меѓу нив има и разумни луѓе. Тоа зборува за нивната слабост, а ти треба да покажат дека се мажи. Но тие се на крајот на силите. Значи тоа е последниот испит, последното предупредување, а ние мирно ќе демонстрираме, ветувам.“

Милинкевич пред демонстрантите во Минск истакна дека цел е да се издејствуваат нови фер избори, „без диктатурата на Лукашенко“

Александар Косулин политичар од редовите на опозицијата, побара од Обединетите Нации, да се занимава со темата Белорусија. „Последниот диктатор треба да биде испратен пред Трибуналот во Ден Хааг.“ рече тој пред демонстрантите во Минск.

Наводно и единаесет европски амбасадори во Белорусија како и претставници на САД се одлучиле да им се придружат на демонстрантите но оваа информација сеуште не е потврдена.

Милнкевич се придржуваше до неговиот повик за оддржување демонстрации и покрај тоа што полицијата во петокот ги расчисти шаторите кои беа поставени на плоштадот во Минск, при што стотици демонстрати го изразуваа своето незадоволство од резултатите на претседателските избори во земјата, на кои победи досегашниот претседател Александар Лукашенко.