1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демонстрациите во Бангкок продолжуваат

Повеќе илјадници антивладини демонстранти излегоа на улиците во Бангкок барајќи оставка на премиерот Абхисит Веџаџива. Премиерот го одби барањето на демонстрантите.

default

Протести на „црвените кошули“

Повеќе од сто илјади демонстранти во црвени кошули викендов одржаа мирни демонстрации. Обединетиот фронт за демократија и против диктаторство (УДД), како што се нарекува движењето, за изминатиот викенд првично најави милион демонстранти, да ја принудат владата да се повлече. Членовите на УДД се приврзаници на премиерот Таксин Шинаватра, кој во 2006 година беше симнат од власт со воен пуч. Тие го обвинуваат актуелниот премиер Абхисит Веџаџива дека нелегално дошол на власт. Повеќето демонстранти во Бангкок се дојдени од провинциите во северниот и североисточниот дел на Тајланд, со автомобили, автобуси и со бродови преку реката Чао Праја.

Demonstranten in Bangkok/Thailand no-flash

Паирод Пудамронг како и многу други од „црвените кошули“ цела ноќ ја поминал пред споменикот за демократија во центарот на тајландскиот главен град. „Црвените кошули“ планираат да продолжат со протестите, се` додека не се исполнат нивните барања: „Ако не добиеме одговор, повеќето од нас нема веднаш да си одат дома. Остануваме овде во Бангкок да се бориме за правдата. Не е важно дали ќе преживееме или не, ние ќе се бориме.“

„Црвените кошули“ не отстапуваат од барањата

Тајландските медиуми известуваат за пронајдено оружје на периферијата на Бангкок. Минофрлачи и пушки биле скриени од армијата. Водачите на Обединетиот фронт за демократија и против диктаторство најавија мирни демонстрации. Д-р Венг еден од главните портпароли на „црвените кошули“: „Нашето движење е мировно. Не сакаме овој политички конфликт да и‘ наштети на нашата земја. Понудивме решение. Владата треба да го распушти

Abhisit Vejjajiva Regierungschef Thailand

Премиерот Абхисит Веџаџива го одби барањето на демонстрантите

парламентот и да распише нови избори. Ако владата не сака да го стори тоа, тогаш мора да ја сноси одговорноста за последиците.“

Премиерот Абхисит веќе го одби барањето на демонстрантите. Тој изјави дека нема да попушти под нивниот притисок. Парламентарните избори мора да се одржат според општо важечките правила и без притисоци, категоричен е Веџаџива.

Автор: Бернд Муш-Боровска/Јасна Мушиќ-Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска