1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демонстранти го спречија изборот на Влада во Либија

Десетици луѓе упаднаа во зградата на националниот парламент во Триполи и го спречија изборот на демократската влада, незадоволни поради кадровските решенија.

Десетици демонстранти упаднаа во вторникот во Националното собрание на Либија и го одложија изборот на новата влада на премиерот Али Зејдан. Демонстрантите биле незадоволни од некои именувања во кабинетот на Зејдан, а по метежот седницата беше прекината, а гласањето одложено за среда. Демонстрантите меѓу кои имало и цивили и поранешни бунтовници, како и вооружени лица, продреле во салата во моментот кога пратениците се подготвувале да гласаат за предлозите за министри.

Зејдан во вторникот ја состави својата коалициска влада во којашто се либералите и исламистичките партии застапени во Националниот конгрес кој одби да го потврди предлогот на кабинетот на неговиот претходник.

Али Зејдан е избран за мандатар во октомври, откако неговиот претходни Мустафа Абушаќур ја загуби довербата при гласањето за министрите што тој ги предложи.