1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демонстрантите го нападнаа Генералштабот на армијата во Банкок

Илјадници противници на тајландската влада го нападнаа Генералштабот на армијата во Банкок. Портпарол на армијата соопшти дека демонстрантите упаднале во комплексот армиски објекти.

Началникот на Генералштабот на тајландската армија во моментот на упадот на демонстрантите не се наоѓал во комплексот. Противниците на владата во внатрешноста на комплексот армиски објекти отвориле чадори за сонце и имаат намера таму да кампуваат. Тие ја повикаа армијата да застане на нивна страна во борбата против премиерката Јинглак Шинаватра.

Околу 3000 други демонстранти протестираа пред централата на владејачката партија и бараа оставка на премиерката. Опозиционерите ја обвинуваат шефицата на владата за корупција и тврдат дека таа „само му го чува местото“ на својот брат Таксин Шинаватра, кој живее во егзил во Дубаи. Поранешниот премиер Таксин Шинаватра беше симнат од власт во 2006 година од страна на армијата верна на кралот и подоцна беше осуден за корупција.