1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Демократски избори

Парламентарните избори во Македонија главно беа во согласност со нормите на Советот на Европа во областа на демократските избори. Насилството и застрашувањата забележани во првиот дел од предизборната кампања и изолираните случаи на нерегеуларности за време на гласањето, фрлија дамка врз демократскикот процес. Сепак, избирачите можеа да се изјаснат на демократски начин за политичкото водство на нивнат

а земја, се вели во извештајот на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, објавен во Стразбур.

Во заклучоците донесени по набљудувањето на изборниот процес во Македонија, Парламентарното собрание на Советот на Европа жали заради тоа што насилството и застрашувањето се сeуште прифатливи алатки за некои во Македонија, во нивните намери за промовирање на политичките цели.

Поделбите забележани во двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2002 година, според Стразбур, се одраз на конфликтот во раководствата на партиите, што само ја подвлекува важноста која ја имаат политичките личности во Македонија.

Донесувањето на новиот изборен законик, непосредно пред изборите, што е во спротивност со нормите на Советот на Европа, сепак дозволи подобра основа за одвивањето на изборите, се оценува во извештајот.

Парламентарците, сепак сметаат дека и покрај јасното подобрување на Изборниот законик, сеуште постојат некои нејаснотии, како мерките за спречување на предвремено започнување на кампањата и зависноста на изборната администрација од другите надворешни актери.

Критики се упатени посебно на одредбите кои се однесуваат на финансирањето на кампањата, што според ПС на СЕ не може да го спречи нејзиното илегално финансирање.

Венецијанската комисија, наскоро ќе даде свое мислење и препораки за новиот Изборен законик на Република Македонија. И од властите на земјата се бара нивно спроведување.

Покрај забелешките за насилствата во првиот дел од кампањата и изолираните случаи на нерегуларности за време на гласањето, ад-хок комисијата го критикува истакнувањето на кандидатските листи од страна на ДПА, на лица за кои се води истрага за воени злосторства. Тоа според набљудувачите од Стразбур, не придонесува за добра предизборна атмосфера меѓу политичките партии и етничките заедници.

Забележано е и големо подобрување на точноста на гласачките списоци, во споредба со минатите избори.

Сериозни критики се упатени на начинот на пребројувањето на гласовите, најчесто заради недоволната обученост на членовите на гласачките избори.

Општо земено, македонските медиуми ги почитувале законските одредби за време на кампањата и на избирачите им дале урамнотежени информации.

Парламентарците кои ја претставуваат асамблеајата на Советот на Европа, на крајот жалат дека политичките партии во Македонија, сеуште се поделени според етничките критериуми, како и за непостоењето на политичка партија која би била широко прифатена од другите етнички групи. Ова, според нив, може да претставува пречка во продолжувањето на интеграцијата на сите етнички групи во македонското општество.