1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демократски бран во арапскиот свет

Во арапскиот свет и натаму врие. Во Либија се крваво задушени протестите на „Денот на гневот“. Во Бахреин, армијата ја контролира ситуацијата. САД се длабоко загрижени за состојбата во таа земја.

default

Протести против Моамер ел Гадафи во Либија

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон е длабоко загрижeна поради состојбата во заливската држава Бахреин. САД го осудуваат насилството против демонстрантите и ги поддржуваат демократските реформи, изјави таа во Вашингтон. Бахреин е важен за САД од стратешки причини - малото кралство е близок сојузник на САД и место кадешто е сместена петтата американска флота. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, побара казнување на одговорните за полициската акција во четвртокот во која има загинати:

„Насилство не смее да се употребува против мирни демонстранти и новинари. Тоа мора да запре и одговорните да се изведат пред лицето на правдата. ОН ги повикуваат лидерите во регионот и секаде во светот да ги слушаат луѓето внимателно и да одговорат на нивните легитимни аспирации.“

Bahrain Proteste Panzer

Тенкови на улиците на Манама

Во судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите во Бахреин, според изјави на очевидци и опозиционери, загинале пет лица. Повредени се повеќе од 220 луѓе. Во главниот град Манама на улиците излегоа тенкови, а армијата на државната телевизија соопшти дека безбедносните сили ја имаат ситуацијата под контрола. Протестни собири се забранети. Според последните информации од Манама, на една комеморација за жртвите во протестите, повеќе стотици луѓе барале симнување на кралот од власт.

Загинати и на „Денот на гневот“ во Либија

Во Либија илјадници противници на режимот се одзваа на повикот на опозицијата за демонстрации на т.н. „Ден на гневот“. Во протестите против владетелот Моамер ел Гадафи, според непотврдени информации, за два дена загинале десетици луѓе. Сепак, активистите на опозицијата на интернет и за денеска повикаа на нови протести, кои би требало да почнат по петочната молитва.

Ägypten nach Mubaraks Rede

Во Каиро најавен „Марш на победата“, фотографија од неодамнешните протести во Каиро

Протести и во Јемен и во Египет

Во најновите протести во Јемен, пак, загиналe три лица, а повредени се голем број луѓе. Очевидци тврдат дека околу 1500 противници на режимот вчера демонстрирале мирно во центарот на главниот град Санаа, кога била нападнати од поддржувачи на режимот.

Речиси една недела по повлекувањето на Хосни Мубарак, во Египет се уапсени повеќемина поранешни министри. Локалните медиуми јавија дека поранешните министри за внатрешни работи, за домување и туризам се уапсени поради сомневања за проневера на пари. Демократското движење во Египет за денеска повика на нов собир на плоштадот Тахрир во Каиро, за како што се вели, да биде прославена победата над Мубарак.

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа/дпад/дв

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM