1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Демократскиот дијалог се избегнува во Хрватска?!

Загрижувачката состојба на културата на јавна комуникација во Хрватска укажува на проблем кој е упте посериозен од занемарување на соговорникот во расправа - а тоа е дисквалификација на самата јавност.

Последните дискусии меѓу процрквената и провладината страна за прашањата за здравствено и сексуално оразование во училиштата, уште еднаш покажува на нивото на културата на јавниот дијалог во Хрватска. Прашање е имено колку тој е демократски и плуралистички и како воопшто се легитимира општествениот субјект како учесник во тој процес. Медиумскиот фокус во прв ред, речиси автомаски е свртен кон политичките партии, како репрезентанти на јавното мислење.

Berto Šalaj Politologe aus Zagreb Kroatien

Политикологот Берто Шалај

„Но доволно е да видиме како во собранието и по медиумите комуницираат припадниците на домашната политичка класа“, изјави за ДВ Берто Шалај од Факултетот за политички науки во Загреб, додавајќи дека споменатите протагонисти на општествениот живот еден со друг реално ниту не се земаат в обзир, инаку барем понекогаш би бил усвоен амандман на предлог нов закон. Имено, невозможно е дека опозициските предлагачи речиси секогаш изнесуваат неприфатливи идеи, како што изгледа спрема праксата во собранието.

Изборите се средство за игнорирање

„Делиберативната демократија со содржинско соочување на аргументите кај нас драстично попушти. Многу е тешко човек да се присети кога некој пратеник дигнал рака против предлог на својата партија, што би било повеќе од нормално. По изборите ги пребројуваме гласовите, потоа до следните победниците работат што ќе им падне на памет. Тоа би го нарекол агрегативна демократија, каде основна смисла се дава со присобирање на гласачки листови, чии потписници до следните избори воглавно се игнорираат“, вели Шалај.

Тој се осврнува и на неодамнешната дебата во Хрватска меѓу владата и црквата. Шалај смета дека правото на јавен говор Црквата требало да го побара со посмирен тон, како што би и доликувало, додека политичарите секако неможат да изненадат со својот неумерен пристап. Тој предупредува дека е лесно да се етикетира некој непријател, значи дека во него нема ништо добро.

Kroatien Mirjana Krizmanic Soziologin

Социологот и психолог Мирјана Кризманиќ

Сексуланото воспитување, ниту случајно не е единсвениот приоритрет во кој до израз доаѓа недостигот на дијалошки капацитет на Хрватска. Социологот и психолог Мирјана Кризманиќ оценува дека на народот не му се дава можност за изјаснување ниту за поважни прашања, како јавниот простор да е предодреден за поединци и групи кои поседуваат политичка или економска моќ, што во суштина е узурпација и наметнување илузија неодржлива и неприфатлива во општествена смисла.

Според нејзиното мислење комуникацијата во јавниот простор во Хрватска се злоупотребува од субјекти кои се нобразовани, дури и нечовечни, додека зад тој примитивизам стои уште поопасна намера за политички и економски постапки за интерес, кој е се ’ друго но не општонароден. Медиумите дотолку, ако не се ангажирани во истата работа, би требало помалку вниманието на јавноста да го насочуваат кон наводно атрактивни и забавни случувања од таа сфера, а повеќе кон суштината која се прикрива.