1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Демократијата се брани и со сила

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во Лондон повторно ја бранеше војната во Ирак. Во говорот за време на посетата на Велика Британија тој изјави дека демократијата понекогаш мора да се брани со сила. Идеализмот сам по себе не е доволен и тоа е лекцијата од односот кон хитлерова Германија, рече Буш пред членовите на британската влада и почесните гости. Денеска тој ќе има средба со британскиот премиер Тони Блер на која главна тема ќе биде ситуацијата во Ирак и на Блискиот исток. За денеска се закажани и големи демонстрации против војната во Ирак.
Почесната гарда се формирашпе пред Бакингамската палата за да го пречека гостинот од Америка. Џорџ Буш и неговата сопруга Лора беа поздравени од кралицата Елизабета Втора со помпа и церемонии меѓу другото со 41 топовски истрел и со американската национална химна. Буш се откажа од традиционалното возење во отворена кочија поради страхување од напад и протести. Меѓутоа дојдоа само мал број љубопитни и демонстранти. Протестите се очекува да се одржат денеска. По приемот кај кралицата Буш во блинидиран автомобил се упати во Банкетинег-хаус во центарот на Лондон каде што го одржа својот говор за надворешно-политичките цели на неговата земја истакнувајќи дека Велика Британија и САД се најблиски пријатели:
"Британците и Американците се во сојуз на вредности. Овој стар и зачуван сојуз е многу силен". Тој повторно ја оправда војната во Ирак, изјавувајќи дека демократијата понекогаш треба да се брани со сила:
"Од онаа страна на границите на Европа во светот на насилството, ослободувањето е морална цел. Слободата и безбедноста се уште имаат потреба од бранители".
Тој вети дека американските војници ќе го напуштат Ирак дури кога ќе биде завршена задачата. Буш изјави дека и натаму ќе се ангажира за мирот на Блискиот исток. Американската надворешна политика има три столба: "Сакаме меѓународните институции да ги направиме посилни и поефикасни. Кога ќе биде потребно ќе употребиме сила за да ја одбраниме слободата. Ќе ја шириме идејата на демократијата во целиот свет. Тоа се трите столба на нашата политика. Тоа се основите за мирот и безбедноста во овие опасни времиња", изјави Буш.