1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демократијата на Тајван-пример за континентална Кина?

Во Тајван денеска се избира. Тоа покажува дека се споиви демократијата и вредностите на Конфучие, напротив тврдењата на азиските автократи. Дали развојот во Тајван ќе влијаа врз континентална Кина?

default

Избори во Тајван

На преминот од годинава кинескиот претседател Ху Џинтао ги предупреди сопартијците на Комунистичката партија од влијанието на Западот во Кина. Западот се обидува да влијае врз Кина културно и идеолошки, напиша Џинтао за партиското списание „Киуши“. Народната Република, опоменува претседателот, би морала да внимава на сопствените вредности.

Lee Kuan Yew, Singapurs früherer Staatschef und Gründungsvater

Ли Куан Ју поранешен премиер на Сингапур

Стриктната поделба на западни и кинески вредности на Ху Џинтао потсетува на една дебата, која ја поттикна поранешниот премиер на Сингапур, Ли Куан Ју во 1990-та година. Азиските вредности: трудољубивост, штедливост, признавање на авторитети и предност во општеството на индивидуата се основа за азиското економнско чудо. Азиските вредности и либералните западни демократии не се споиви, сметаше тоашниот премиер. За ваквите ставови особени пофалби стигнаа од Малезија и Народна Република Кина, и двете автократни системи.

Стабилни демократии на кинеско тло

Дека и во кинескиот културен круг е можна стабилна демократија, покажува примерот со Тајван. Кон средината на 1980-те години некогашната воена диктатура, чекор по чекор започна да се претвора во демократија. Во 1986-та година опозциониерите ја формираа партијата ДПП, а една година подоцна националистичката Куоминтанг влада по 38 години во укина военото право. Во 1996-та година во Тајван се одржаа првите слободни претседателски избори. Оттогаш во Тајван се развива демократија. Во 2000-та година Куоминтанг, за првпат по 1949-та година, мораше да ја предаде власта на опозицијата. Во последните 15 години на двапати се менуваше владата. Вонпарламентарни борби за превласт, анархија и хаос нема.

Taiwan Wahl Ma Ying-Jeou nach dem Sieg

Тајванскиот претсетел Ма Јинг - џеул во 2008-ма победи на изборите

Процесот на демократизација на Тајван се одрази и врз континенатална Кина, смета Аурел Кроисан, политиколог од универзитетот во Хајделберг. ЗА ДВ тој оценува дека тоа не се одвива преку директно политичко влијание на малиот Тајван врз големата Кина, туку преку зголемената размена меѓу двете страни на Тајванскиот теснец. „Тајван им покажува на оние кои во конинентална Кина се интересираат за тоа, дека демократијата и кинеската култура не мора безусловно да бидат противречни“, вели Кроисан. Развојот во Тајван освен ова покажува дека деморактијата на кинеско тло не доведува по правило до уназадување на економијата и хаос.

Директно преземање на моделот не е можно

Преземање на тајванскиот модел од Народната Република сепак не е на повидок. Директорот на германското здружение за надворешна политика Еберхард Зандшнајдер, смета дека е тоа тешко и само поради разликата во големината на Тајван и Кина. Демократизација на земја, која тогаш броеше 16 милиони жители, споредбено е полесно да се спроведе, смета политикологот. „Меѓутоа кога станува збор за огромната континентална Кина со 1,3 милијарда жители, тогаш тоа е друга димензија, која сосебе ќе повлече сосема поинакви механизми за текот на процесот“, изјави Шнајдер за ДВ.

Дебата за демократијата и во континентална Кина

Professor Yu Keping in Duisburg

Професор Ју Кепинг

Иако кинеската влада одбива демократски реформи, меѓу кинеските интелектуалци се одвива контроверзна и отворена дебата за демократијата. Во 2008-ма година Ју Кепинг, професор на универзитетот во Пекинг го објави многу дискутираниот напис „Демократијата е добра работа“. Во него тој ги опишува предностите на демократскиот систем, меѓутоа и нагласува, дека Кина не копира никакави странски политички модели.

Во декември мината години Лаи Хаиронг, директор на кинескиот Центар на прекуокеански социјални и филозофски теории го објави текстот „Народна Република и власт на народот“. Во него тој го изнесува ставот дека кинеските вредности се споиви со либералната демократија - и се повикува исклучиво на примерот со Тајван. Овој текст е одраз на неговото лично мислење и во Кина нема да биде објавен. Сепак институтот на Лаи Хаиронг припаѓа на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

Автор: Матијас фон Хајн/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска