1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Демократите ја објавуваат претседателската кандидатура на Обама

Во Денвер почнува партискиот конгрес на Демократите, на којшто официјално Барак Обама ќе биде избран за кандидат за Белата куќа и Џо Бајден за негов заменик. Конгрес се очекува да биде досега невиден спектакл.

default

Барак Обама и Џо Бајден

Промена - ова Барак Обама го ветува со месеци наназад, а првата треба да се случи во Денвер на партискиот конгрес на Демократите, којшто се очекува да биде гигантски завршен спектакл. 15 илјади новинри веќе пристигнаа во градот за да известуваат за настанот. Својот говор во четврток Обама нема да го оддржи во спортската сала каде се оддржува партискиот конгрес, за говорот на Обама сите ќе се преселат на стадионот во Денвер.

Пред 70 до 80 илјади луѓе Обама ќе ја прифти кандидатурата и уште еднаш ќе нагласи дека има намера да ја извади Америка од кризата „Се кандидарам за претседател затоа што не сакам да прифатам ваква иднина за моите ќерки и не ја приаќам ниту за вашите деца, и не ја прифаќам за Соединетите Американски држави. Време е за промена која му е потребна на американскиот народ.“

Треба уште многу да се стори

Но експертите се почесто предупредуваат дека во меѓувреме светски познатиот израз „Yes, we can!" нема да биде доволно за победа во ноември. Според анкетите Обама и неговиот републикански конкурент Меккејн се речиси изедначени. Политикологот Давид Дулио од Окланд универзитетот во Мичиген дури гледа и опасност, шоуто на Обама во Денвер да предизвика негатвиен исход „Тој оди по тенка линија: од една страна е нов тип политичар, кандидат на надеж од друга страна е проминентен и славен. Ако премногу потсетува на рок ѕвезда, ако илезе од котрнола, тогаш може да предизвика и негативен ефект“

Републиканците веќе го споредија настапот на Барак Обама пред Столбот на победата во Берлин со Парис Хилтон и Бритни Спирс - тој е светска ѕвезда, и токму затоа не е во состојба да ги предводи САД, сметаат републиканците.

Со особено внимание ќе биде проследен и настапиот на Хилари Клинтон. Многумина приврзаниции на некогашната прва дама на САД сеуште се лути поради нејзиниот предизборен пораз. На партискиот конгрес на Обама мора да му успее да ги придобие токму разочараните фанови на Хилари.

Патот до Белата куќа е долг

Денеска на првиот ден на конгресот централна точка е животниот пат на сенаторот, главен говорник е неговата сопруга Мишел „Јас сум гласна, се шегувам со мојот сопруг. Но тој е неверојатно мудар и многу добро се снаоѓа со една силна жена. Тоа е една од причините, зошто може да стане претседател: затоа што со мене излегува на крај“

Патот до Белата куќа за Барак Обама сеуште е долг - подолг отколку многумина мислат. Дотолку повеќе е важно од Деневер во сеќавањата да остане повеќе отколку само - „Yes, we can!" „Да, ние можеме!“