Во спорот околу политиката кон Ирак со американскиот претседател Џорџ Буш,Демократската партија нема да посега по буџетот за американските трупи.Нашата партија нема да им ги крати парите на војниците,изјави шефот на Одборот за одбрана во сенатот Карл Левин.Но,оваа партија сака во буџетскиот закон да биде цврсто нагласена принудата ирачкото раководство скоро да ја примени политичката агенда.Демократите имаат мнозинство во Конгресот и во законот сакаат да внесат конкретен датум за повлекување на американските војници од Ирак.Буш веќе најави вето за законот.