1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Демократите и натаму го притискаат Џорџ Буш

Опозициските демократи во САД преземаат нов обид да ги принудат претседателот Џорџ Буш да нареди повлекување на американските трупи од Ирак . Комитет во американскиот сенат изготви предлог закон , според кој претседателот би добил натамошни финансиски сретства за ангажманите во Ирак и Авганистан , само доколку повеќето американски војници би го напуштиле Ирак до 31 март 2008-ма година . И во претставничкиот дом ќе се расправа за сличен предлог . Гласањето за законот се очекува во петок. Џорџ Буш меѓутоа претходно најави дека ќе гоблокира законот со вето.