1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Демократите го отфрлија планот на Петреус

*

Американските Демократи го отфрлија планот на главниот командант на американските сили во Ирак, Дејвид Петреус за повлекување на 30.000 војници од Ирак до наредниот јули. Предлогот е неприфатлив и спротивен на она што го бара американскиот народ, изјави лидерот на демократите во Сенатот, Хари Рид. Инаку според планот на Петреус, по делумното повлекување на теренот би требало да останат уште 130.000 војници, колку што изнњесуваше бројката пред наредбата на претседателот Џорџ Буш за зголемување на мисијата. Се очекува Буш во телевизиско обраќање до нацијата да ја прифати препораката.