1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дел Понте: Младиќ наскоро ќе биде уапсен

*

Поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ може да биде уапсен во следните седмици, изјави главната обвинителка на хашкиот Трибунал, Карла Дел Понте. Таа во интервју за германскиот весник „Шпигел“ вели дека е 80% сигурна оти Младиќ ќе биде уапсен до крајот на годината. ЕУ во понеделникот го одложи парафирањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Србија, бидејќи Дел Понте изјави дека соработката на Белград со Трибуналот е се уште бавна и недоволна. Во интервјуто Дел Понте изјави и дека нема сомнение во вината на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за извршени воени злосторства. Тврди дека има докази, но проблематично, според Дел Понте е што во процесот се губат сведоци, бидејќи кон ни се упатувале сериозни закани.