1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дел Понте за соработката со Србија

*

Главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте денеска ќе поднесе извештај пред Советот за безбедност на ОН во кој се очекува да навести подобрување на соработката со Србија,но и да инсистира на апсењето на обвинетите Ратко Младиќ и Радован Караџиќ.

Вчерашното апсење на поранешниот српски полициски генерал Властимир Горѓевиќ и предавањето во Хашкиот трибунал според европретставникот Хавиер Солана е одличен чекор кон полна соработка на Србија и повплна вест за односите на Белград со ЕУ.Апсењето на Горѓевиќ го поздравија и генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис и претседателот на Парламентарното собрание Рене ван дер Линден.

Ѓорѓевиќ се смета за одговорен за протерувањето на илјадници Албанци од Косово од крајот на 90-тите години.