1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дел Понте задоволна од соработката со Босна

*

Босна и Херцеговина и Република Српска добро соработуваат со Хашкиот Трибунал, оцени главната обвинителка Карла Дел Понте во Сараево. Според неа доказ за тоа е неодамнешното апсење на обвинетиот за воени злосторства Здравко Толимир. Ваквиот став, Дел Понте го пренела и во ЕУ. Успешна соработка со Хаг е клучен услов и за потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Босна и Херцеговина со Унијата. Дел Понте повтори дека “најважна работа е поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ и екс генералот Ратко Младиќ да не останат неказнети и да се продолжат активностите за нивно апсење.“