1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дел Понте денеска во Белград

*

Главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте денеска во Белград се состанува со српските официјални лица. На средбите треба да разгледа соработката меѓу Србија и Трибуналот на политичко и оперантивно ниво, изјави пред посетата на Дел Понте на Белград нејзината портпаролка Олга Кавран. Дел Понте по посетата, на барање на ЕУ ќе треба да состави проценка на соработката на Белград со трибуналот и да ја достави до Унијата.