1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дел Понте во Белград

*

Премиерот на Србија Воислав Коштуница на состанокот со главната хашка обвинителка Карла дел Понте истакна дека од интерес на Србија е во најкраток временски рок да ја заврши соработката со тој суд и додаде дека за тоа постои јасна политичка волја и решеност. Во соопштението објавено по состанокот на Коштуница и Дел Понте се наведува дека главната обвинителка истакнала оти е важно сите обвинети да се најдат пред Трибуналот што е можно поскоро. Дел Понте по посетата на Србија на 1 октомври до Европската унија ќе достави извештај за соработката на Белград со Трибуналот. – Српските медиуми јавуваат дека Дел Понте ќе поднесе позитивен извештај за Србија.