1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дел Понте во Белград

*

Главниот хашки обвинител Карла дел Понте денеска ја завршува посетата на Белград. По синоќешните разговори со српскиот претседател Борис Тадиќ таа најави дека на 18 јуни во советот за безбедност ќе поднесе позитивен извештај за соработката на Белград со Хаг. Дел Понте нагласи дека дотогаш очекува и други позитивни чекори. Таа го поздрави апсењето на генералот Здравко Толимир и изрази надеж дека наскоро во Хаг ќе се најдат и останатите бегалци, пред се Ратко Младиќ.