1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дел од уапсените НВО-соработници го напуштија Египет

Седуммина Американци и двајца Германци, членови на невладини организации, вчеравечер беа ослободени од египетските власти и ја напуштија земјата со лет до Кипар. Заминаа пред да им биде издадена забрана за патувањe.

Седуммина Американци членови на невладини организации, кои беа во притвор и се соочуваа со обвинение за поддржување на немирите во Египет, ја напуштија земјата со американски воен авион, откако влада во Вашингтон плати речиси пет милиони долари за нивно ослободување.

Египетските власти доцна вчеравечер (02.03) ослободија и двајца германски државјани вработени во фондацијата „Конрад Аденауер“. Министерот за

Prozess NGO Kairo

Египетските власти ослободија и двајца германски државјани вработени во „Конрад Аденауер“

надворешни работи Гидо Вестервеле изрази задоволство од ослободувањето на членовите на невладините организации и порача дека германските власти се надеваат оти процесите против нив ќе бидат затворени, за групите да можат да ја продолжат вредната работа во Египет без пречки.

Од САД стасаа поостри тонови. Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд потсети дека процесите против ослободените членови на невладините организации не се завршени, дека САД поради тоа се длабоко загрижени и дека затоа нема одлка на американските власти за помошта за Египет. Државната секретарка Хилари Клинтон претходно предупреди дека ќе биде запрена воената помош во вредност од 1,3 милијарди долари, како и економската помош во висина од 250 милиони долари.

Египетските власти не соопштија точна бројка, но американските информираат дека се работи за 43 вработени во невладини организации кои се соочуваат со процеси поради обвинувањата дека без лиценца финансирале групи во Египет со странски пари. Нивното судење е одложено за април. Освен Американци и Германци, обвинети за нелегални активности се и Норвежани, Срби и Либанци.

Автор: Александар Методијев /ап/афп/дпа

Редактор: Борис Георгиевски