1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дел од обвинетите во Чад имаат шанса да бидат ослободени

*

По неуспешниот обид на француската хуманитарна организација “Архе де Зое“ да префрли 103 деца од Чад во Франција, дел од 16-те уапсени Европејци имаат шанси да бидат ослободени. Претседателот на Чад, Идриз Деби, најави можност за ослободување на тројца новинари и на шпанскиот екипаж на авионот со кој децата требало да бидат префрлени во Европа. Шестемина соработници на хуманитарната организација, кои се одговорни за транспортот на наводните сирачиња од Дарфур, треба да одговараат пред суд. Тие пред неколку дена беа обвинети за киднапирање.