1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дел Буеј: од посетата на Бан Ки Мун на Македонија не треба да се очекува чудо

Тоа што генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун учел за Македонија кога бил студент во Кореја не би можело да се стави само во контекстот во кој што го пренесоа некои македонски медиуми.

Коментирајќи ја посетата на првиот човек на ОН на Македонија, вториот гласноговорник на светската организација Едуардо дел Буеј за Дојче веле изјави дека посетата е само дел од пошироката мисија во рамките на првата балканска турнеја на Бан Ки Мун.

Имено, ниту во еден момент не треба да се заборави дека „патот на Генералниот секретар во Македонија е дел од пошироката мисија во сите земји од поранешната Југославија, која е фокусирана на растечката улога на овие земји како партнери на ОН и контрибутори во меѓународниот мир, безбедноста и развојот“, изјави портпаролот Едуардо дел Буеј за Дојче веле.

Отворен ли е дипломатски канал со Вук Јеремиќ?

Ban Ki-moon in Mazedonien

Бан ќе ја искористи приликата да ги охрабри Атина и Скопје за договор

Одговарајќи на нашето прашање – дали присуството на Бан Ки Мун во Македонија конкретно ќе придонесе да се забрза или нешто промени во процесот на преговорите со Грција, Дел Буеј сугерираше дека не треба да се очекува чудо.

„Прашањето за името, иако е важно, ќе биде само едно од неколкуте прашања за кои ќе се дискутира со владата во Скопје“, рече Дел Буеј.

„Но, тој (Бан Ки Мун, н.з.) ќе ја искористи оваа шанса да ги охрабри Атина и Скопје да преземат напор за да го забрзаат изнаоѓањето на решение во врска со прашањето за името“, изјави портпаролот на ОН за Дојче веле.

Во меѓувреме, на Ист Ривер во Њујорк се’ уште нема дипломатска динамика околу идејата на Светскиот македонски конгрес, кој од собранието на Република Македонија ќе побара донесување на декларација за воспоставување на македонското државно име како единствен термин за комуникација во ОН преку предлог на посебна резолуција до Генералното собрание на ОН.

За сега нема навестувања на кој начин тоа ќе се оствари во Њујорк и дали е отворен некој билатерален дипломатски канал со идниот претседател на Генералното собрание Вук Јеремиќ. Инаку, Македонија ја имаат признаено под уставното име 133 земји од 194 држави членки на ОН.