1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Делумно одлагање на преговорите ЕУ Турција

Министрите за надворешни работи на ЕУ постигнаа договор за Турција: осум од 35-те преговарачки поглавја за членство да се "замрзнат". И Кипар најавува олабавување на изолацијата на северниот дел на островот.

Пауза на состанокот во Брисел

Пауза на состанокот во Брисел

По десетчасовни преговори дваесет и петте шефови на европските дипломатии го усогласија компромисното решение. Преговорите за членство на Турција делумно ќе се замрзнат. Некои земји како Холандија, Грција и Кипар бараа замрзнување на десет од 35-те преговарачки поглавја. Друга група околу Велика Британија и Шпанија бараа замрзнување само на три поглавја. На крајот земјите го прифатија првичниот предлог од Европската комисија во мирување да се стават осум поглавја.

Преговорите во овие поглавја нема да бидат отворени се додека Турција одбива да ги отвори пристаништата и аеродромите за ЕУ членката Кипар. Секоја година Советот на министри ќе проверува дали кај Турција има напредок во исполнување на обврските кон Кипар, објасни германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнмаер:

“Со ова е јасно, дека компромисот кој денеска го пронајдовме, не содржи ниту рокови, како што сакаа некои, ниту содржи ултиматум, што јас најмногу го оспорував изминатите денови. Со овој механизам на проверка имаме отворен и флексибилен инструмент”.

Со ова се тргна од маса и строгата ревизиона клаузула за која се залагаше германската канцеларка Ангела Меркел. Министерот Штајнмаер ги увери медиумите дека постојано бил во контакт со канцеларката при донесувањето на конечната одлука и дека меѓу нив немало разлики во мислењата. По ваквата одлука на министрите сега шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот в четврток и петок во Брисел веќе нема да мора многу време да и посвета на темата Турција.

Дури и Република Кипар, чиј северен дел од островот е 30 години е запоседнат од турската армија, вети дека нема повеќе да ја блокира директната трговска размена на турскиот дел со ЕУ. Ова треба да биде и формално решено во јануари за време на германското претседателство со Унијата, објави шефот на германската дипломатија Штајнмаер. ЕУ на вчерашниот состанок ги повика и ОН повеќе да се активираат околу пронаоѓање на политичко решение за кипарскиот проблем. ЕУ се надева дека Турција во догледно време ќе попушти и ќе го исполни договореното во Анкарскиот протокол. Во Брисел вчера се шпекулираше и дека Турција пред почетокот на самитот на врвот в четврток ќе понуди нов компрмисен предлог со кој би можела одлуката за делумно замрзнување на преговорите во последен момент да се промени.