1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Делегација на ОН посредува меѓу Либан и Израел за прекин на огнот

Во израелската влада постои извесно разногласие околу можните патишта за излез од кризата.

Израелски војници во акција

Израелски војници во акција

Израелскиот министер за безбедност Ави Дихтер изненади со изјавата за армиското радио дека еден ден ќе мора да се размисли и околу преговори, ако само така може да се издејствува грабнатите војници да се вратат дома. Нејасно е дали тој зборува во име на целата влада, оти е очигледно дека во раководството во Ерусалим зад затворена врата сепак има и разлика во позициите.

Шефот на војниците Дан Халуц зазема тврда позиција, На викендот тој зборуваше дека ОН се добредојдени во Израел само под одредени услови: „Ние соработуваме со ОН се’ додека тие ги преземаат сите нужни чекори против другата страна. Не веруваме дека имаме потреба од совети и решенија на ОН, за да знаеме што треба да сториме“. Спротивен став застапува министерот за надворешни работи Ципи Ливни, која на прес-конференција изјави дека добива многу подршка од странство.

Иако поединечни акции на израелската армија во Либан не се секогаш подржани од сите членови на безбедносниот кабинет, владата сепак во овие денови сплотено стои зад премиерот Ехуд Олмерт. Тој во вчерашниот говор во парламентот изјави дека офанзивата ќе биде запрена кога грабнатите војници ќе бидат ослободен, ќе престане ракетирањето од страна на Хезболах и либанската армија ќе ја преземе контролата на границата спрема Израел. Тие услови денеска ги повтори и Ципи Ливни. На нејзината прес-конференција немаше одговори како либанската влада треба да преземе мерки против Хезболах, откако израелската армија веќе една недела ја напаѓа земјата. Офицерите не исклучуваат дури ни копнена офанзива на либанска територија.

Пратеникот на ОН Терје Руд-Ларсен, по денешната средба со шефот на израелската дипломатија Ципи Ливни изјави дека во наредните денови ќе продолжи дијалогот во Израел и во Либан. „Обете страни се согласни дека е потребна политичка рамка за евентуално постигнување примирје. Ние дадовме конкретни предлози, кои и’ се поднесени и на либанската страна. Израелската влада ќе ги разгледа тие точки, како и либанската. Не можеме да наевдеме подробности, тоа би било контрапродуктивно“ – рече Руд-Ларсен.

Предлогот може да се состои во тоа, грабнатите изрелски војници да им бидат предадени на либанската влада, односно на палестинските власти. Прашање е само дали Хезболах, Хамас или Израел во сегашниов момент би се впуштиле во такво нешто.