1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Делегација на ОН на Косово

Делегација на Обединетите нации вечер ќе допатува во Белград во рамките на мисијата на Косово за да се информира за ситуацијата во покраината пред решението на Советот за безбедност за идниот статус на Косово. Делегацијата што ја предводи белгискиот амбасадор во светската организација Јохан Вербеке, во текот на денешниот ден ќе престојува во Брисле на разговори со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и со евро-комесарот за проширување Оли Рен. Утре мисијата во Белград ќе има средби со претседателот на Србија Борис Тадиќ и со премиерот на оваа земја Воислав Кошутница. На Косово се предвидени средби со претставници на власта и на меѓународната заедница. Со испраќањето на оваа делегација, Советот за безбедност го исполнува барањето на Русија.