1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Делегација на МПЦ утре кај Вартоломеј

Делегација на Македонската православна црква утре во Истанбул треба да разговара со вселенскиот патријарх, Вартоломеј. Во врвот на МПЦ се очекуваат позитивни резултати од средбата.

default

Македонската православна црква заслужува афтокефален статус под уставното име – со овој став владиците Тимотеј и Наум, утре ќе настапат на средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград. Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан ги испраќа со голема доза оптимизам во оваа црковно-дипломатска мисија што на МПЦ треба да и обезбеди поддршка во битката за сопствената позиција во православието. Г.г.Стефан изјави:

“Ние веруваме дека нашето одење ќе има позитивни резултати, инаку нема логика до Цариград и да одиме и за Москва и по сите други православни центри. Наше е да чукаме по вратите, а каде ќе ни отворат ...ќе биде за доброто на МПЦ. Наше е да ја запознаваме православната јавност за вистината на МПЦ, за неправдата која се врши, затоа што ние ништо ново не направивме од она што го направија претходно некои православни цркви, и овде во нашето соседство, и подалеку.„

По посетата на Цариград, следна дестинација е Москва, вториот голем православен центар. МПЦ побара прием и од рускиот патријарх, Алексеј. Теолозите ја поздравуваат акцијата на МПЦ за обезбедување поддршка, но не очекуваат премногу. Александар Ивановски вели:

“Црквата е едно тело. Непризнатиот статус на МПЦ треба да ги засега сите православни цркви. И Вселенскиот патријарх и рускиот патријарх, познавајќи ги каноните, би инсистирале прво на нив. Тие насочуваат прво да се воспостави дијалогот со мајката црква, значи со Српската православна црква. Меѓутоа во историјате не е туѓо афтокефалност да се побара и од друга црква, што веќе има афтокефалност. Дури и самата Српска православна црква во 1219 година својата афтокефалност ја добива не од Цариград, туку од Никеа.“

Иако не по волјата на МПЦ, се очекува во Цариград да биде отворено и прашањето за Вранишковски, бившиот владика кој е во затвор за финансиски малверзации. Вселенската патријаршија веќе побара негово ослободување, а српската црква неговата слобода ја намтнува како услов за продолжување на дијалогот со МПЦ. Пред 4 месеци како импулс за одмрзнување на односите и продолжување на преговорите за решавање на спорот што трае со години, МПЦ испрати писмо до српскиот патријарх Павле, кое до денеска остана без одговор.