1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Делегацијата на САД исмеана на климатската конференција

Единствениот настан организиран од САД на Светската климатска конференција беше со цел да се претстават фосилните горива како решение за климатските промени. Идејата беше исмеана од присутните, но колку е таа реална?

Делегацијата на САД беше забележливо отсутна на Светската климатска конференција. На единствениот самостоен настан, американските делегати промовираа „чисти“ фосилни горива како решение за намалување на емисиите на штетни гасови. Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун го исмеа обидот на неговата земја да покаже грижа за планетата, додека десетици активисти извикуваа „Оставете го во почвата“ (мислејќи на јагленот) за време на говорот на Бери Вортингтон, извршниот директор на Енергетската асоцијација на САД. Тие тврдат дека промовирањето на почисти фосилни горива е само изговор за натамошно профитирање од индустријата на фосилни горива истовреме забавувајќи ја транзицијата кон обновливи извори на енергија.
„Настаните во рамките на климатските разговори кои ги промовираат фосилните горива заслужуваат да бидат прекинати“, вели Јагода Муниќ, директор на Пријатели на Земјата за Европа. „САД прават намерна провокација со организацијата на тој настан. Нема место за фосилни горива во овие разговори или за безбедна иднина на климата“.
Сепак, има една поента од овие дискусии. Имајќи предвид дека ќе бидеме зависни од фосилните горива многу подолго одошто се надевавме, нели ќе е подобро, барем да ги направиме почисти?
„Оваа дебата е контроверзна само доколку одбереме да ги закопаме главите во песок и да ги игнорираме реалностите на глобалниот енергетски систем“, рече Дејвид Баркс, специјален советник во Белата Куќа. Универзалниот пристап до енергијата е потребен за да се намали сиромаштијата и да се достигнат развојните цели- а тоа е можно само со фосилни горива, додава тој.

Гледај видео 01:27

Бон, глобално еко-село


Почисти фосилни горива?

„Идејата дека светот може да ги исполни амбициозните планови, да го поддржи развојот на сиромашните земји и да се обезбеди енергетски пристап само со користење на соларна и енергија од ветрот, е наивна“, вели Баркс.
Но, за гувернерот на Калифорнија Џери Браун потегот на САД е смешен. „Тие носат компании за јаглен да ги учат Европејците како да си ја исчистат околината!“
Претставници на енергетскиот гигант „Пибоди енерџи“- најголемата приватна компанија за јаглен во светот- презентираа начини за реализација на идејата за почисти фосилни горива.
„Имаме технологии кои драматично можат да ги намалат емисиите од јаглен и од други фосилни горива“, вели Холи Крутка, потпретседател во Пибоди. Главните чекори за „позеленување“ на фосилните горива се инсталирање на високо ефикасни системи со ниска емисија од електраните и надградба на процесот на собирање и складирање на јаглеродот (ЦЦС процес). На тој начин, тврди тој, би се спречило таложење на јаглерод диоксидот во атмосферата.
Но, за Наоми Ејџис од Гринпис „не постои такво нешто како почисти фосилни горива“. Тоа е едноставно стратегија развиена од индустријата на фосилни горива за да се забави транзицијата од јаглед, вели таа. ЦЦС и сличните технологии не обезбедуваат намалување на емисиите на потребното ниво и претставуваат трошење на ресурси кои можат да се инвестираат во засилување на обновливите енергии и замена на фосилните горива.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема