Декрет на Путин! | Теми на денот | DW | 14.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Декрет на Путин!

Како и што најави, Русија излезе од договорот за конвенционалното оружје во Европа. Претседателот Владимир Путин денеска потпиша декрет.

default

Путин потпиша декрет и го стави договорот под мраз!

Денеска во Кремљ можеше да се слушне дека постојат вонредни околности што го принудиле претседателот Путин да го напушти договорот за конвенционалното оружје во Европа. Се вели дека поради заштитата на безбедноста на Русија мораат да се преземат итни мерки. Соодветно на тоа, Путин потпиша декрет со кој веднаш се замрзнува овој договор.

Оваа мерка не е изненадување. Веќе во април годинава, Владимир Путин се закани дека ќе го напушти договорот до колку Американците опстојат на планираниот ракетен систем во Источна Европа. За ова, по барање на Москва се разговараше и вонредната седница на договорот одржана во јуни во Виена. Релативно смирување донесе рускиот предлог на самитот на Г-8 во Хајлигендам за заедничко американско-руско користење на радарската станица во Азербејџан. Ном САД го одбија предлогот. Ниту на средбата меѓу Буш и Путин во Америка, за ова прашање не беше постигнат напредок.

Инаку, договорот за конвенционално оружје во Европа беше постигнат меѓу НАТО и Варшавскиот договор во 1990 година. За сите држави потписнички беа пропишани највискоите граници за конвенционалните системи меѓу што спаѓаа и воени авиони, тенкови и бројот на трупите. Меѓутоа, државите на НАТО досега не го ратификуваа овој договор. Ќе го направат тоа откако Русија ќе ги повлече трупите што се уште се наоѓаат во Молдавија и Грузија.

Претседателот Путин смета дека Запад ја користи се уште нејасната правна ситуација за да го изгради ракетниот систем. Кремљ во последно време постојано бараше НАТО-државите да го ратификуваат договорот. Истовремено, се појави и вознемиреност што се повеќе американски трупи и воени системи се стационираат во новите членки на НАТО, Бугарија, Романија и балтичките држави.

Договорот, инаку, важи како темелник за стабилноста во Европа. Со напуштањето од страна на Русија, се страхува од нова спирала на вооружување во Европа.

Во првата рекација на НАТО во Брисел е искажано разочарување од потегот на Москва. Портпаролот на алијансата Џејмс Апатураи оцени дека станува збор за чекор назад, и најави дека НАТО радо ќе го ратификува колку што е можно побргу:

„Договорот е многу важен бидејќи ограничува голем број оружја, а освен тоа е и многу транспарентен. Секој знае што прави секој од другите. Затоа НАТО смета дека е камен-темелник за европската стабилност„, изјави Апатураи во телефонско интервју за ББЦ.