1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Декларација со повик до Иран за почеток на сериозен дијалог

Меѓународната заедница апелира до Иран да започне „сериозен дијалог“. Израел и натаму не исклучува можност од воен напад врз иранските атомски постројки, а САД предупредуваат од последиците.

Пред почетокот на новите преговори околу атомската програма на Иран петте вето сили на ОН и Германија го повикаа Иран на „сериозен дијалог“. Во декларацијата потпишана од САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија се вели дека Иран би морал да прекине со својот „курс на прикривање и некооперација“.

Западот го обвинува Иран дека тајно работи на атомско оружје, додека Израел и натаму не исклучува напад врз Исламската република. Напад врз иранските атомски постројки „не е прашање на денови или недели, но ниту на години“, предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по враќањето од САД. Американскиот претседател Барак Обама го повика Израел да остави повеќе време за санкциите.

Меѓутоа, Нетанјаху преку израелската телевизија повторно предупреди дека атомско вооружување на Иран претставува закана за преживување на израелскиот народ.

Американскиот претседател исто така подвлече дека можна иранска атомска бомба не е закана само за Израел, туку и за САД. Доколку е неоходно САД ќе преземат воени мерки. САД, исто така, се подобро вооружени од Израел, нагласи и шефот на Пентагон Леон Панета во интервју за „Нешнл журнал“ и предупреди од последиците, особено ако САД бидат принудени на напад против иранската атомска програма.

Иран од своја страна негира дека воопшто се стреми да поседува атомско оружје.

Автор: АТ/ АМ/ дв/ дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска